Достапни линкови

Регионот напредува, Македонија не може да се договори сама со себе


Средба на премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Средба на премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Се случија и војни и етнички чистења, но земјите од регионот се движат напред. Србите и Албанците се во постојан дијалог. Некогаш беа далеку зад Македонија, а сега и нивните европски перспективи се повидливи од македонските. И меѓу Србите и кај Косовците има многу луѓе кои се против преговори, меѓутоа политичките елити решиле дека така е најпаметно.

Земјите од регионот се обидуваат зад себе да ги остават недоразбирањата, „проблематичното“ минато и болните теми во името на напредокот. Иако беа далеку зад Македонија, сега нивните европски перспективи се повидливи од македонските, велат експертите.
Знам дека секогаш едно оправдување е дека името е проблем, меѓутоа требаше една мудра политика да се најде едно компромисно решение со Грција и тоа да се надмине. Кога би биле во НАТО и во ЕУ тогаш веќе и идентитетот има смисла, има перспектива, а со тоа и самата држава.

Македонската политичка елита не го сфати сериозно фактот дека тоа што не поврзува и со регионот и внатре во земјата се евро-атлантските интерации, вели Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Македонија. Тој вели дека политичарите требало да сторат еден екстра ангажман за да се направи нешто повеќе, но според него, за жал заложбите се декларативни. За разлика од Македонија, соседите прават компромиси кои понекогаш се болни, како што прават на пример Србија и Косово, па Албанија со Грција или Црна Гора со Србија, вели Рамадани.
Евро-комесарот за проширување Штефан Филе на средба со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ во Подгорица.

Евро-комесарот за проширување Штефан Филе на средба со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ во Подгорица.


„Знам дека секогаш едно оправдување е дека името е проблем, меѓутоа требаше со една мудра политика да се најде едно компромисно решение со Грција и тоа да се надмине. Кога би биле во НАТО и во ЕУ тогаш веќе и идентитетот има смисла, има перспектива, а со тоа и самата држава.“
„Но реализирањето на таков концензус е практично неможно, бидејќи постои една голема недоверба меѓу власта и опозицијата, постои една нетранспарентност и едно взаемно неинформирање за тоа што се случува во овој домен. Затоа сите проценки се дека Македонија уште долго време ќе тапка во место со ова прашање.

Но во Македонија не може да се постигне ни еден компромис меѓу власта и опозицијата, додава Рамадани, а со компромисот ќе добиеја сите.

„Со тоа добиваме и внатре во државата, затоа што се враќа дијалогот, демократските односи, а со ЕУ би се воспоставиле односи кои би се искористиле максимум, ние некаде во јуни да добиеме датум за преговори.“

Тие земји што некогаш учеа од Македонија за евроатланските интеграции, сега се пред нас, вели професор Нано Ружин.

„Македонија веќе подолго време тапка во место, додека други држави кои ја повикувале Македонија да ги советува, се во перманентна прогресија, тука мислам пред се на Црна Гора. И во таа насока кога ќе се додадат и ефектите на економската, социјалната криза, актуелната политичка криза, неисполнувањето на обврските од акциониот план за членство, пред се во доменот на политиката, на правдата, силната политизација на администрацијата, сето тоа доведе Македонија да се дефокусира од евроатланскиот пат.“

Тој вели дека власта е таа која може да го реши ова прашање, но затоа што партијата на власт се наметна како главен бранител на името, сега се наоѓа во замка. Затоа, според Ружин, потребен е консензус внатре во државата.

„Но реализирањето на таков консензус е практично неможно, бидејќи постои една голема недоверба меѓу власта и опозицијата, постои една нетранспарентност и едно взаемно неинформирање за тоа што се случува во овој домен. Затоа сите проценки се дека Македонија уште долго време ќе тапка во место со ова прашање.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG