Достапни линкови

Министерот Бесими на средба со Филе во Брисел


Министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, денеска со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе ќе разговара за исполнувањето на задачите од Пристапниот дијалог, како и за актуелната политичка криза во Македонија.
Бесими ќе се сретне и со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и со Александра Кас-Грање, која е раководител во Директоратот за проширување.
Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија во однос на октомврискиот извештај на Комисијата.
XS
SM
MD
LG