Достапни линкови

logo-print

Филе: билатералните прашања да не ги „минираат“ преговорите за членство


Штефан Филе

Штефан Филе

Прашањето за проширување на ЕУ денеска се гради врз основа на искуството од претходните проширувања и земјите-членки ги носат одлуките едногласно, со што процесот добива поголема политичка контрола, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за порталот „Еуроактив.цз.
„Од друга страна, како што јави МИА, Филе рекол дека се создаваат повеќе можности за комплицирање на пристапниот процес, кога земјите-членки не даваат согласност.
Според Филе, некои од билатералните прашања на земјите -аспиранти може да доведат до ситуација каде што процесот на проширување ќе стане нивни заложник.
Европската комисија оваа година сака да се посвети на тоа, бидејќи на Западен Балкан има многу отворени прашања, како меѓу земјите-членки и аспиранти, така и меѓу самите земји-кандидати, наведува Штефан Филе.
Еврокомесарот во интервјуто наведува и дека како што целиот регион се повеќе ќе се приближува до отворање на пристапните преговори, се повеќе ќе биде важно отворените прашања да не станат „мини“ кои би ги кочеле преговорите за членство.
XS
SM
MD
LG