Достапни линкови

СДСМ ја потврди одлуката за бојкот на изборите


Централниот одбор на СДСМ рано утринава донел одлука да ги бојкотира локалните избори, што ќе се одржат на 24 март. Како што јавуваат локалните медиуми, на седницата која траеше неколку часови, имало аргументи и „за“ и „против“, но преовладало мислењето дека сепак СДСМ треба да се одлучи за активен бојкот. Седницата на Централниот одбор беше свикана по најавата на власта дека подготвила измени во Изборниот законик, кои вчера доцна попладнето владејачкото мнозинство експресно ги поддржа, со што се пролонгираше рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и за советници до 3 март.
XS
SM
MD
LG