Достапни линкови

Министерот Бесими во Брисел


Новиот министер за евроинтеграции Фатмир Бесими, денеска е во посета на Брисел, каде ќе се сретне со комесарот за проширувањето на Европската унија Штефан Филе со цел да разговара за исполнувањето на задачите од Пристапниот дијалог на високо ниво, подготовката на Европската комисија на пролетниот извештај за Република Македонија и за актуелната политичка криза и бојкотот на опозициската СДСМ. Освен со Филе, во рамки на својата еднодневна посета, Бесими ќе се сретне и со известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Ричард Ховит. Пред два дена Комисијата за надворешни работи на Европарламентот го одложи гласањето за Резолуцијата на ЕП за Македонија во однос на октомврискиот извештај на Комисијата.
XS
SM
MD
LG