Достапни линкови

Втора рунда разговори за нуклеарната програма на Иран


Почна вториот ден од разговорите помеѓу Иран и шесте светски сили во Алмати. И покрај малите очекувања за придвижување на разговорите за нуклеарната програма, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека вчера имало напредок и дека се надева оти тоа може да биде добра основа претставниците да ги продолжат преговорите. Разговорите ги предводи шефот за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон, која одржува контакти со Иран во име на САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија. Разговорите во Алмати се први по рундата преговори во Москва пред осум месеци. Се очекува светските сили да му понудат на Иран нови иницијативи за да се откаже од збогатувањето на ураниум - процес што може да се користи за изработка на атомско оружје. Иран негира дека произведува нуклеарно оружје и тврди дека збогатува ураниум за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG