Достапни линкови

Оланд во прва посета на Русија


Францускиот претседател Франсоа Оланд е во прва посета на Русија. Прес-службата на Кремљ соопшти дека Оланд ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе разговара за билатералните односи, особено трговијата, енергијата, инвестициите и соработка во иновации и напредна технологија. Исто така се очекува Оланд да го информира Путин за воената кампања на Франција во Мали, каде француските сили помогнаа локалните сили и сили од други африкански земји да ги протераат исламските милитанти од позициите кои ги окупираа минатата година.
XS
SM
MD
LG