Достапни линкови

Рокот за поднесување кандидатски листи продолжен до 3 март


Собранието на Република Македонија на итна седница со 68 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан го донесе Предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот законик, со кој се определува дополнителен рок за поднесување листи за кандидати за советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март (недела) заклучно со 00:00 часот. За законот се изјаснија и 21 пратеник од немнозинсските заедници. Измените во второ читање беа донесени вечер во рамките на итната 56-та седница, откако попладнево за нив расправаа матичните собраниски тела - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија на кои не биле поднесени амандмани.
XS
SM
MD
LG