Достапни линкови

logo-print

Економска соработка меѓу Пакистан и Иран


Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари ќе го посети Иран за да потпише договор за изградба на гасовод во вредност од 1,5 милјарда долари кој треба да донесе ирански гас во Пакистан. Зардари најпрво ќе се сретне со неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад за да го потпише договорот за гасоводот и договорот за иранската помош во изградбата на рафинерија за нафта во пакистанскиот пристанишен град Гвадар. Иран ќе му продава на Пакистан 21,5 милиони кубни метри гас дневно преку гасоводот, а исто така обезбедува заем од 500 милиони долари за изградба на пакистанскиот дел од гасоводот. Рафинеријата за нафта се очекува да има капацитет за обработка на околу 400.000 буриња дневно. Проектите имаат проблеми за привлекување на инвеститорите поради приговорите од страна на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG