Достапни линкови

Фишер: Австрија е силен поддржувач на македонските евроинтеграции


Австрија е силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во Европската унија, изјавил австрискиот претседател Хајнц Фишер на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Виена. Фишер оценил дека македонско-австриските билатерални односи се во постојана позитивна динамика и оти Австрија придава посебно значење на односите со земјите од Западен Балкан, а особено со Македонија. Иванов, со својот австриски колега разменил мислења за евроинтеграциските процеси во Македонија и за актуелната политичка состојба. Детално го информирал соговорникот за актуелната состојба и за неговиот личен ангажман за нејзино надминување. Фишер изразил надеж дека политичките лидери во Македонија преку компромис ќе изнајдат излез од состобата и дека сите фактори во македонската држава ќе се фокусираат на зацртаната ЕУ агенда.
XS
SM
MD
LG