Достапни линкови

logo-print

Египетската опозиција ќе ги бојкотира изборите


Архивска фотографија: Опозициски демонстранти во Каиро.

Архивска фотографија: Опозициски демонстранти во Каиро.

Главната опозициска коалиција во Египет соопшти дека ќе ги бојкотира претстојните парламентарни избори. Самех Ашур од Националниот ослободителен фронт соопшти дека одлуката била донесена денеска поради тоа што нема гаранции дека изборите ќе бидат транспарентни. Исламистичкиот претседател Мохамед Морси пред неколку дена ги закажа изборите за крајот на април. Претходниот парламентарен состав во кој исламистите имаа мнозинство беше распуштен во јуни 2012 година, откако Уставниот суд пресече дека изборниот законик бил неуставен.
XS
SM
MD
LG