Достапни линкови

Под мотото „Сложни млади совет прават “ членови на 16 невладини организации ја започнаа иницијативата за формирање на Национален младински совет. Станува збор за граѓанско тело во кое што младите би можеле да реагираат, да ги дефинираат проблемите, да работат на нивно решавање, а со тоа и да се обидат да сменат нешто во општеството.

Имаме најмлада влада во Европа, ама немаме национален младински совет и квалитетна младинска политика во која една четвртина од населението односно младите ќе се вклучат во процесот на донесување одлуки кои што се од општествено значење. Вака од прилика би се опишала ироничната ситуацијата во која се наоѓаат младите во земјава.
Младите се исклучени од општествените процеси, сите сме свесни за појавата на апатија и пасивност. Не учествуваат во носењето одлуки, не креваат рака, никаде не даваат свој глас којшто се брои. Не постојат или се многу слаби младинските политики кои ги имаме. Средношколското и студентското движење или не постојат или се контролирани од поединци, од индивидуи. Имаме голема невработеност, образованието не е граѓанско, не гради активни граѓани, постои поделеност по различна основа, од етничка до географска, до верска.

Според последните истражувања една четвртина од средношколците сметаат дека нема никакви или има минимални услови за развој на млади луѓе, додека една половина од испитаните средношколци иднината ја гледаат во некоја друга земја.

Резултатите од истражувањето „Социјалниот капитал на македонскиот средношколец “ укажуваат дека главни проблеми за младите во земјава се економијата и невработеноста.

Под мотото „Сложни млади совет прават “ членови на 16 невладини организации ја започнаа иницијативата за формирање на Национален младински совет. Станува збор за граѓанско тело во кое што младите би можеле да реагираат, да ги дефинираат проблемите, да работат на нивно решавање, а со тоа и да се обидат да сменат нешто во општеството.

Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум, вели дека младите живеат во незавидна ситуација во која или немаат механизми или не знаат како да ги решаваат проблемите со кои се справуваат во општеството и речиси секогаш друг донесува одлуки во нивно име.
Лидери на Балканот се Словенија и Хрватска, Србија исто така се приклучи кон таа група, дури и во Албанија и во Косово има на национално организирање и сите соседи имаат, освен Македонија.

„Младите се исклучени од општествените процеси, сите сме свесни за појавата на апатија и пасивност. Не учествуваат во носењето одлуки, не креваат рака, никаде не даваат свој глас којшто се брои. Не постојат или се многу слаби младинските политики кои ги имаме. Средношколското и студентското движење или не постојат или се контролирани од поединци, од индивидуи. Имаме голема невработеност, образованието не е граѓанско, не гради активни граѓани, постои поделеност по различна основа, од етничка до географска, до верска.“

Дел од причините зошто во земјава нема организирано младинско движење на национално ниво, е политиката и апатичноста поради економските последици кои ги чувствуваат како сметаат дел од претставниците на НВО кои учествуваа на трибината.

Иван Јованов од невладината организација „Младите можат “ вели дека Национален младински совет е тело кое што постои речиси во сите европски земји освен во Македонија.

„Лидери на Балканот се Словенија и Хрватска, Србија исто така се приклучи кон таа група, дури и во Албанија и во Косово има на национално организирање и сите соседи имаат, освен Македонија.“

Тој додава дека основна функција на ова тело треба да биде чадор организација која под своја закрила ќе ги има граѓанските здруженија кои директно се занимаваат со проблемите и потребите на младите и при тоа ќе им даде вклученост на младите во опшествените процеси.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG