Достапни линкови

Собранието изгласа продолжување на рокот за кандидирање во прво читање


Собрание.

Собрание.

Собранието денеска на итна седница го донесе Предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот законик во прво читање, со кој се определува дополнителен рок за поднесување листи за кандидати за советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март (недела) заклучно со 00:00 часот. По полчасовната пауза дадена на барање на ДПА материјалите со измените на Изборниот законик да им се поделат на пратениците на албански јазик, за Предлог измените гласаа сите 66 присутни пратеници. Согласно одлуката на Собранието за измените попладнево треба да расправаат матичните собраниски тела - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Измените во второ читање треба да бидат донесени во рамките на итната 56-та седница која ќе продолжи во 17:30 часот.
XS
SM
MD
LG