Достапни линкови

Кери во посета на Германија


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Берлин се сретна со неговиот германски колега Гидо Вестервеле.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Берлин се сретна со неговиот германски колега Гидо Вестервеле.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Берлин се сретна со неговиот германски колега Гидо Вестервеле и со канцеларката Ангела Меркел. Во фокусот на разговорите се сиријската криза и иранската нуклеарна програма. По средбата со Вестервеле, Кери рече дека предлозите на меѓународната заедница до Техеран вклучуваат „реципрочни мерки што ќе го охрабрат Иран да направи конкретни чекори“ кон решавање на загриженоста за неговите нуклеарни истражувања. Предвидено е во Берлин Кери да се сретне и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Првата средба на Кери како државен секретар со неговиот руски колега доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG