Достапни линкови

Поранешниот техерански обвинител изведен пред суд


Поранешниот техерански обвинител Саид Мортазави.

Поранешниот техерански обвинител Саид Мортазави.

Судењето на поранешниот техерански обвинител Саид Мортазави почна зад затворени врати. Мортазави, кој е сојузник на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, е обвинет за лажирање на истрагата за смртта на неколку демонстранти уапсени во протестите по претседателските избори во 2009 на кои Ахмадинеџад го освои својот втор претседателски мандат. На суд се изведени уште двајца судии. На судењето се гледа како на борба за превласт меѓу Ахмадинеџад и неговите противници внатре во власта. Мортазави, кој сега е шеф на Организацијата за општествена безбедност, го нарекуваат „Касапот на печатот“ поради неговата улога во затворањето на реформистичките изданија и затворањето новинари.
XS
SM
MD
LG