Достапни линкови

Владата предложи закон со кој се пролонгира рокот за кандидирање


Владата на денешната седница по итна постапка усвои Предлог-закон за измена и дополнување на Изборниот закон со кој се определува дополнителен рок за поднесување листи за кандидати за советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март(недела) на полноќ. Ова денеска прес-конференција го соопшти Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска веќе закажа итна седница на на која ќе се разгледуваат измените на Изборниот законик, во делот на рокот за поднесување на кандидатските листи. Седницата треба да почне во 15 часот.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека би било позитивно доколку пратениците на СДСМ денеска се вратат во Собранието и заедно со пратениците од владејачкото мнозинство ги усвојат предложените законски измени.
XS
SM
MD
LG