Достапни линкови

Нови напади против вакцинирањето во Пакистан


Еден пакистански полицаец кој го обезбедувал тимот за вакцинација во северо-западниот дел на земјата, бил убиен од непознати напаѓачи. Овој инцидент е најнов во серијата напади врз медицинските екипи во Пакистан кои ги вакцинираат децата против детска парализа. Во јануари вакцинацијата во Пакистан, под покровителство на Обединетите Нации мораше да биде стопирана по повеќето напади во кои беа убиени 9 лица. Талибанците се противат на вакцинирањето со тврдење дека станува збор за шпиони кои ги стерилизираат муслиманите.
XS
SM
MD
LG