Достапни линкови

Нова рунда преговори за иранската нуклеарна програма


По 10 години преговарање со Иран за неговата нуклеарна програма, мали се шансите за некаков значителен напредок на денешната рунда во Казахстан. Претставници на Соединетите Држави, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, во Алма Ата ќе разговараат со иранските преговарачи, што е за прв пат во ваков состав од јуни минатата година во Москва. Двете страни остануваат на своите позиции. Големите сили бараат Иран да престане со збогатувањето ураниум бидејки сметаат дека настојува да произведе нуклеарно оружје. Техеран пак тврди дека нуклеарната програма му е за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG