Достапни линкови

logo-print

ЕП го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија


Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ја прифати препораката на пратеникот Ричард Ховит и го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија додека не се реши политичката криза во земјата, соопшти МИА. Ховит изјави дека останува на своето мислење дека Македонија има историска можност во јуни да добие позитивна препорака за почеток на пристапните преговори од Европскиот совет, но само ако се реши ситуацијата, која може да го уништи прогресот на земјата обезбеден во минатите години.
Според него, ЕП не верува во бојкот на избори, по што побара одложување на гласањето за Резолуцијата за неколку недели, посочувајќи дека тоа го прави со цел земјата да добие позитивна препорака, а поради сегашната ситуација можно е извештајот да биде негативен.
XS
SM
MD
LG