Достапни линкови

logo-print

СДСМ не сака локални без ветување за парламентарни


Пропадна уште една шанса за надминување на политичката криза. Во меѓувреме Канцеларијата на ОДИХР денеска ја отвори својата набљудувачка мисија.

Власта и опозицијата ја продолжија конверзацијата на тема избори, но таа и натаму останува без резултати. СДСМ не ја прифати последната понуда на владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се пролонгира рокот за пријавување кандидати за локалните избори за и тие да може да учествуваат.
Рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалник и за советници да се пролонгира до 3 март. Ако СДСМ прифати, Собранието на итна седница ќе ги усвои измените на Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ предложи рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалник и за советници да се пролонгира до 3 март. Доколку СДСМ овој рок го прифати, Собранието на итна седница би ги усвоило измените на Изборниот законик и тие би стапиле на сила веднаш, го соопштија својот предлог од оваа партија.
Прес конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР.

Прес конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР.


„Ние не одлучивме да ги бојкотираме изборите затоа што немавме време да составиме листи на кандидати туку како одговор на партиско-полицискиот пуч“, соопштија од СДСМ, потсетувајќи и дека понудиле учество на изборите под услов ако освојат еден глас повеќе власта да распише предвремени парламентарни избори.
Ние не одлучивме да ги бојкотираме изборите затоа што немавме време да составиме листи на кандидати туку како одговор на партиско-полицискиот пуч.

Овој предлог власта веќе го одби, а во најновото соопштение предлагаат формирање на комисија за утврдување на причините и аспектите кои довеле до настаните од 24 декември.

Канцеларијата на ОДИХР денеска ја отвори својата набљудувачка мисија која се состои од 11 експерти кои ќе работат во Скопје и 16 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ целата земја. Тие вообичаено ќе ги набљудуваат спроведувањето на законите, регистрирањето на кандидатите, изборната кампања, работата на изборната администрација и разрешувањето на изборните спорови.

„Свесни сме за настаните кои се случуваат во земјава и за бојкотот на неколку политички партии и загриженоста околу тоа е веќе вклучена во нашата проценка за потребите но рано е за да се дадат било какви оценки“, изјави амбасадорот Герт Хајнрих Аренс.

На прашањето што се случува со неисполнувањето на претходно дадените препораки, амбасадорот Герт Хајнрох Аренс рече:

„Мисијата своите прелиминарни наоди ќе ги објави на денот на изборите, а конечниот извештај два месеца по завршувањето на изборите.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG