Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ предлага нов рок за опозицијата да може да се кандидира


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ предлага пролонгирање на рокот за пријавување кандидати за локалните избори за да може и опозицијата да пријави свои кандидати.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, на денешната прес-конференција како член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека се предлага рокот за поднесување кандидатури да биде до недела - 3 март. Ако СДСМ денеска го прифати овој предлог, утре на итна седница Собранието би ги усвоило измените на Изборнот законик и тие би стапиле на сила веднаш, рече Ставрески.

ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање комисија за настаните од 24 декември и повторуваат дека за нив е прифатлив предлогот на претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG