Достапни линкови

logo-print

ФИФА ги потврди казните за местење натпревари во Кина


Илустрација.

Илустрација.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди доживотната суспензија што Кинеската фудбалска федерација им ја изрече на 33 играчи и функционери поради местење натпревари. Истовремено, на 25 луѓе им е изречена петгодишна забрана за играње, односно работа во фудбалот, заради корупција во овој во последно време се популарен спорт. Доживотно се суспендирани судијата Лу Ѓун, кој судел два натпревари од групната фаза на Мундијалот во 2002 година, како и четворицата поранешни кинески интернационалци.
XS
SM
MD
LG