Достапни линкови

logo-print

Борисов бара опозициска влада да ги спроведе изборите


Лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и бугарски премиер во оставка Бојко Борисов денеска предложи Бугарската социјалистичка партија (БСП) или Движењето за права и слободи (ДПС) да го добијат мандатот за формирање нова влада на Бугарија. По средбата со бугарскиот претседател Росен Плевенлиев, Борисов изјави дека смета оти опозицијата треба да добие можност да ги спроведе изборите, за потоа да не може да каже дека имало манипулации со изборниот процес. Според Борисов, на овој начин ќе нема потреба претседателот Плевенлиев да ја преземе сета одговорност. Како што јави БТА, Плевенлиев в четврок ќе се обрати до нацијата и пред пратениците во Парламентот.
XS
SM
MD
LG