Достапни линкови

Мелничарите се жалат дека се пред пропаѓање


Мелничарите бараат да не се воведува мерката за условен откуп на пченица додека трае жетвата зашто тогаш берзанската цена е најниска. Тие се жалат дека нивниот опстанок во земјава е доведен во прашање поради диспаритетот меѓу домашното и увезеното брашно. Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, настанатиот дисбаланс на пазарот со пченица и брашно, поради кои повеќето млинари веќе не работат, дополнително ја комплицираат контролите на граничните премини кои дозволиле увоз на брашно со сомнителен квалитет.
XS
SM
MD
LG