Достапни линкови

logo-print

Одѕивот - главна битка на локалните избори


Државна изборна Комисија изврши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година.

Државна изборна Комисија изврши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година.

Ако не учествува опозицијата на избори очекувано е намалена излезност, велат експертите. Тие очекуваат цензусот да биде исполнет, но без конкуренција и избор ќе нема легитимност.

Официјалниот бојкот на опозицијата на локалните избори го прави неизвесен процентот на излезноста на гласачите. Опозиционерите од Сојузот на иднината ги повикаа граѓаните да не учествуваат на локалните избори, што пак го отвора прашањето за легитимноста на изборите ако излезноста е мала.
Може да се смета дека легитимноста е нарушена со тоа што главната опозициска партија не учествува на нив, но ова ќе биде потврда за нелегитимноста ако има намалена излезност во висина од 20 проценти од претходните локални избори.

Универзитетскиот професор Здравко Савески очекува намален одзив на гласачите оти, како што вели, тоа е вообичаено за избори на кои опозициските партии одлучиле да не учествуваат.

„Може да се смета дека легитимноста е нарушена со тоа што главната опозициска партија не учествува на нив, но ова ќе биде потврда за нелегитимноста ако има намалена излезност во висина од 20 проценти од претходните локални избори.“

Политичките аналитичари очекуваат легални, но не и легитимни избори.
Може нема да стигне до степен нанарушување на законската легалност, со исполнување на цензусот, зошто тој законски веќе е одреден како мал, но секако ќе се одрази на легитимноста на изборите, посебно во некој делови, во некои општини во Македонија, каде практично ќе нема конкуренција или избор.

„Може нема да стигне до степен нанарушување на законската легалност, со исполнување на цензусот, зошто тој законски веќе е одреден како мал, но секако ќе се одрази на легитимноста на изборите, посебно во некој делови, во некои општини во Македонија, каде практично ќе нема конкуренција или избор“, вели Рамадан Рамадани од Институтот Нисма.

Ако се земе предвид искуството од претходните изборни циклуси, очекувано е излезноста на локалните избори да биде помала, потсетува професорот Савески. Според него, интересно ќе биде однесувањето на таканаречените неопределени гласачи, односно оние кои на претходните избори гласале не за СДСМ, туку против ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие избирачи релативно неопределени, кои се доста висок процент, мислам дека ти не решиле со сигурност дали ќе учествуваат на избори или нема да учествуваат и тие ќе бидат доста таргетирани во овој период за да не гласаат или за да гласаат.“

Претстојните избори ќе бидат борба за исполнување на цензусот, но на нив ќе недостасува најважното, односно конкуренцијата, вели Рамадани.

„Заради тоа што кај албанските политички партии ќе има конкуренција, но дефинитивно фали понудата со која може да ги привлечат граѓаните. А кај македонските политички партии можеби има понуда, но фали конкуренцијата.“

На анкетата на нашата веб страница на прашањето дали ќе гласате на претстојните избори, скоро 57 проценти од граѓаните одговориле дека нема да гласаат, а околу 37 насто се изјасниле позитивно. Само 6 проценти биле воздржани и одговориле дека не знаат дали ќе гласаат или не.

На претходните локални избори, во 2009 година, во првиот круг излезноста била околу 49 проценти, а во вториот близу 42 проценти.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG