Достапни линкови

logo-print

Путин го потпиша законот против пушењето


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој од први јуни пушењето ќе биде забрането во јавниот транспорт, на железничките и автобуските станици и во административните згради. Во јуни идната година забраната ќе биде проширена и во хотелите и рестораните. Со законот исто така се забранува рекламирање тутунски производи, како и спонзорства од тутунските компании. Русија е една од земјите со најголема стапка на пушење во светот, со над 40 насто од возрасното население кое пуши редовно.
XS
SM
MD
LG