Достапни линкови

Најкоментирани текстови изминатата недела се тие поврзани со политичката криза и со локалните избори.

Веќе сè се врти околу политичката криза во земјава, влошена особено по настаните во Собранието на 24 декември минатата година, па и нашето најново прашање во Хајд Паркот: Кој е виновен за политичката криза во Македонија и кој може да ја реши? Интересно, но за разлика од други коментари на други теми, кога се наоѓаат различни мислења, овој пат, сите испратени коментари се едногласни.
Кој може да ја реши кризата: оној кој ја создаде, оној кој ја пумпаше цело време, оној кој владее во Македонија, кој располага со институциите, кој се фали дека преродува и посветено работи 24/7. Ај погодете кој е?

Македонец од Европа наредил по ред: „Кој може да ја реши кризата: оној кој ја создаде, оној кој ја пумпаше цело време, оној кој владее во Македонија, кој располага со институциите, кој се фали дека преродува и посветено работи 24/7. Ај погодете кој е?“

И Донка од далечната Канада навлегува во сржта на проблемот: „Во секоја нормална држава одговорноста е кај власта, особено како во држава како нашата каде што сите институции се под контрола на една партија. Таму е најголемата одговорност и вина, но за жал голема одговорност имаат сите граѓани кои немо го дозволуваат тоа“.
Целото раководство на СДСМ да си замине, а местата да ги отстапи на млади нови кадри.

Милан од Пехчево, очигледно разочаран од состојбите во својата општина и град, кратко прашува: „Зошто? За кој? За која и каква општина?“. И Столе од Скопје одговорноста и вината ги наоѓа кај власта, критикувајќи го премиерот Груевски за „поткупувања, заканувања на администрацијата, евтини трикови за пензионери, вработувања и други работи“, па го посочува примерот со Бугарија и оставката на премиерот Борисов поради протестите на граѓаните за скапата струја.

И прилогот на колешката Тумановска во кој консултира политиколози за тоа дали „Инаетењето на опозицијата ѝ оди во прилог на власта“ предизвикал коментари од повеќемина наши слушатели и посетители на веб-страницата. Некои од нив сметаат дека СДСМ треба да прерасне во зрела опозиција и дека Црвенковски требало да почека до пролетниот извештај за Македонија па потоа „да си вади очи ако сака со Груевски“ - како што пишува Миле од Скопје; Ѓорѓи од Скопје целата вина ја фрла врз опозицијата и пишува дека целото раководство на СДСМ требало да си замине, а местата да ги отстапи на млади нови кадри од што корист ќе имал најмногу обичниот народ. Милан од Скопје, пак, смета дека опозицијата морала да одигра вака како последно средство за отрезнување на народот и дека Црвенковски не треба да дава оставка токму во овој момент зашто е зрел политичар со големо искуство кој може да се справи со Груевски.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG