Достапни линкови

ОБСЕ го почнува мониторингот на локалните избори


Канцeларијата за демократски институции и човекови права ОДИХР на ОБСЕ денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локални избори во Македонија, што треба да се одржат на 24 март. Улогата и активностите на мисијата на денешната прес конференција во Скопје ќе ги претстави нејзиниот шеф Герт Аренс. Тој, според најавите, ќе предводи 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи. Аренс во 1999 година беше специјален пратеник за Македонија на претседателството на ОБСЕ. Набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија ќе функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
XS
SM
MD
LG