Достапни линкови

Инаугурирана првата жена претседател на Јужна Кореја


Првата жена претседател на Јужна Кореја Парк Гвен Нуе денеска положи свечена заклетва во Народното Собрание во Сеул пред десетици илјади луѓе. По инаугурацијата таа ја повика Северна Кореја да се откаже од своите нуклеарни амбиции и за запре со залудно трошење на малкуте ресурси што ги има на развој на оружје. За време на изборната кампања Парк вети дека работи на воведување на „економска деморкатија“ која ќе ја зголеми „ националната среќа“ во земјата во која економскиот јаз меѓу најсиромашните и најбогатите во изминативе години се зголеми. Таа е ќерка на Парк Чунг Хи кој бил на власт во Јужна Кореја од 1964 година до 1979 година.
XS
SM
MD
LG