Достапни линкови

Најавени промените на српските структури во северниот дел на Косово


Блерим Шаља

Блерим Шаља

Косовскиот координатор во дијалогот меѓу Белград и Приштина Блерим Шаља изјави дека премиерите на двете земји се согласиле дека ќе се расформира српската безбедносна структура во северниот дел на Косово. Тој изјави дека за неколку месеци додека се случува тоа пранзината ќе биде пополнета со безбеносните сили на Кфор и ЕУЛЕКС.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ по средбата со неговиот косовски колега Хашим Тачи на 20 февруари изјави дека нема да дозволи расформирање на српската структура во северниот дел на Косово се додека не се осигура кој ќе ја замени. Тачи најави дека по следниот состанок со Дачиќ кој е закажан за 4 март во Брисел ќе се знаат многу детали околу транизцискиот период потребен за нови безбедносни мерки во северниот дел на Косово.
XS
SM
MD
LG