Достапни линкови

Раул Кастро доби втор претседателски мандат


Кубанскиот лидер Раул Кастро најави дека ќе се симне од власт откако ќе го заврши вториот мандат во 2018 година како претседател на Куба. Ова Кастро го соопшти синоќа, набрзо откако Кубанската Национална Академија го избра повторно за претседател. За прв пат годинава беше избран и вицепретседател, а тоа е Мигуел Диаз Канел кој што има 52 години и ќе го наследи Кастро,доколку тој не може да го отслужи целиот 5 годишен мандат. Кастро има 81 година и на претседателската фотелја седна во 2008 мата година наследувајќи ја од неговиот брат.
XS
SM
MD
LG