Достапни линкови

Грип и болно здравство


Ниту клиничките патеки, ниту новонабавената опрема се уште не значат подобрени здравствени услови, потенцираат професорите Владимир Борозанов и Спасе Јовковски.

Петтата жртва од грипот годинава во Македонија не е се уште знак за аларм, иако е потребна научна анализа за да се утврди алармантноста на состојбата, велат лекарите. Засега постои информацијата дека кај сите случаи станувало збор за хронични болни со тешки дијагнози.
Помина година ипол, две откако дојде опремата, дали вие сте чуле од Министерството за здравство да даде извештај, освен што се дадени и инсталирани и е сечена лента на тие апарати, како тие апарати се користат во дневната пракса и какви се ефектите од тоа, нема. Првин не бил подготвен просторот, па апаратите чекаат додека нешто се направи, некои апарати не се ни отпакувани, некаде намате соодветен кадар.

Алармот можеби треба да се вклучи кај чувството за безбедност во здравствените услови кои и изобилуваат со проблеми и се поголем број нејаснотии. Ниту клиничките патеки, ниту новонабавената опрема се уште не значат подобрени здравствени услови, потенцираат професорите Владимир Борозанов и Спасе Јовковски.
Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.


„Помина година ипол- две откако дојде опремата, дали вие сте чуле од Министерството за здравство да даде извештај, освен што се дадени и инсталирани и е сечена лента на тие апарати, како тие апарати се користат во дневната пракса и какви се ефектите од тоа, нема. Првин не бил подготвен просторот, па апаратите чекаат додека нешто се направи, некои апарати не се ни отпакувани, некаде намате соодветен кадар“, вели доктор Борозанов.

Друг важен и клучен проблем во здравството е регионалната нерамномерност поради што во внатрешноста речиси и дека не постои јавно здравство, додава професорот Спасе Јовковски.
Јасно е дека во внатрешноста не постои медицина, нема ни потреба, таму се е политика, па зошто да постои медицина. Кога би постоела стратегија, а никако да се направи сериозна стратегија од стручњаци, а не од политички партии, тогаш би се видело кои случувања биле сериозни и така да се постапи, а вака е само ад-хок.

„Јасно е дека во внатрешноста не постои медицина, нема ни потреба, таму се е политика, па зошто да постои медицина. Кога би постоела стратегија, а никако да се направи сериозна стратегија од стручњаци, а не од политички партии, тогаш би се видело кои случувања биле сериозни и така да се постапи, а вака е само ад-хок.“

Според него, промените во здравството се состојат во недостигот од државна стратегија зашто, како што вели, случајните промени и промените без генерална и посеопфатна стратегија, ја зголемуваат загриженоста за тоа какви здравствени услуги ќе добиваат граѓаните се повеќе особено за извесен не толку далечен период кога ќе почнат да се чувствуваат последиците од сегашните потези кои, како што вели, за последица се појасно ги остава слабеењето на стручната екипираност на јавното здравство поради партизираноста, но и на некој начин фаворизирањето на приватното здравство кое меѓу другото мора да се грижи во голема мерка и за профитот. Пред извесно време беа објавени податоци дека смртноста кај новороденчињата во земјава е двојно зголемена.
XS
SM
MD
LG