Достапни линкови

Карзаи бара протерување на американските специјалци


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи му наложи на Министерството за одбрана да ги протера американските специјални единици од провинцијата Вардак за две недели. Портпаролот на претседателот, Аимал Фаизи, соопшти дека одлуката била донесена на денешниот состанок на авганистанскиот Национален совет за безбедност, поради Авганистанците што се сметаат за дел од американските специјални сили. На денешната прес-конференција во Кабул, Фаизи ги обвини американските специјални сили и нивните авганистански единици за „предизвикување несигурност, нестабилност и малтретирање на локалното население“ во провинцијата. Тој рече дека деветмина луѓе од Вардак исчезнале откако американските специјални сили спровеле воена операција во провинцијата. Авганистанските единици, пак, се обвинети за обезглавување еден студент во Вардак. Оваа провинција во последно време е во фокусот на анти-бунтовничките операции.
XS
SM
MD
LG