Достапни линкови

Црвенковски - Неизлегувањето на избори е глас на народот


Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Отпорот ќе јакне и ќе се интензивира во целата земја, а секој глас на оние што нема да излезат на изборите нема да биде пропаднат, туку ќе претставува глас на народот, порача претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на денешната конвенција на опозицискиот „Сојуз за иднината“ во Куманово.

„Од Никола Груевски, до секоја шуша, единствена грижа им е кога и како ќе се повлечам. Решиле СДСМ од мене да ја спасуваат. Дваесет години од мене се комплексираат и фрустрираат. Да им порачам и до мај и по мај, бил или не претседател, од мене за вас спас нема“, рече Црвенковски.

Јасно е дека власта ја помина црвената линија - донесе буџет на противуставен начин, брутално исфрли новинари и опозоционери и не покажа чувство за одговорност, вели Црвенковски, и затоа бараме предвремени парламентарни избори зашто државата му припаѓа на народот, само тој може да одлучи.
XS
SM
MD
LG