Достапни линкови

Продолжуваат големите протести во Бугарија


Архивска фотографија: Протести во Софија.

Архивска фотографија: Протести во Софија.

Десетици илјади луѓе протестираат против владините мерки за штедење и високите стапки на сиромаштија ширум Бугарија. Слични протести минатата недела доведоа до оставка на владата предводена од премиерот Бојко Борисов. Претседателот Росен Плевенлиев пред демонстрантите во Софија изјави дека нивните барања ќе бидат земени предвид при формирањето на новата влада. На протестите во Софија учествуваат околу 10 илјади луѓе, додека во Варна протестирале околу 30 илјади луѓе. Големи протести се организираат и во Пловдив и во Добрич.
XS
SM
MD
LG