Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов жали што не се најде излез од ситуацијата


Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов.

Жалам што не успеа последниот обид за излез од ситуацијата, на ден пред завршувањето на рокот за поднесување листи за локалните избори, кој подразбираше вклучување на поголем пакет прашања што би се разгледувале од експертската комисија, која требаше да даде и препораки за подобрување на системот, препораки чие натамошно имплементирање ќе гарантираше дека вакви нешта нема да се повторат, вели претседателот Ѓорге Иванов во денешното интервју за порталот мкд.мк.

„Јас тоа го прифатив, премиерот го прифати, но повторно беше одбиено од Црвенковски. Сметам дека тоа беше идеална можност да се разјаснат работите и дека тоа ќе беше соодветен политички одговор на тоа што се случи на 24 декември“, вели Иванов.

Тој вели дека по настаните на 24 декември два пати остварил заеднички средби со премиерот Никола Груевски и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и неколкупати телефонски се слушнал со нив, како и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, но оти тие разговори завршиле без успех.

Иванов истакнува дека одлуката на СДСМ за бојкот не е во интерес на граѓаните, ниту во интерес на самата партија.

Тој вели дека сите државни институции функционираат редовно, а Собранието ќе функционира сè додека постои парламентарен кворум.
XS
SM
MD
LG