Достапни линкови

logo-print

Оџалан ги оцени преговорите со Турција како историски чекор


Затворениот лидер на курдските бунтовници Абдула Оџалан.

Затворениот лидер на курдските бунтовници Абдула Оџалан.

Затворениот лидер на курдските бунтовници Абдула Оџалан ги поздрави преговорите меѓу турските власти и курдските сепаратисти, водени за прекин на повеќедеценискиот конфликт и ги оцени како историски чекор. Во кусата изјава, Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор, ги повика сите засегнати страни во конфликтот да манифестираат внимателност.

Турската влада во декември соопшти дека преговара со Оџалан за да ги убеди сепаратистите да запрат со огнот, да се повлечат и да се разоружаат.

Курдската работничка партија (ПКК) на Оџалан се бори за самоуправа на југоисточна Турција, населена претежно со Курди. Во конфликтот, кој трае од 1984 година досега се убиени десетици илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG