Достапни линкови

Почина актерот Бранко Ѓорчев


Macedonia - Branko Gjorcev actor - N/A

Macedonia - Branko Gjorcev actor - N/A

По долго боледување синоќа почина актерот Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар-Скопје. Ѓорчев е роден во 1962 година во Неготино. Во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, во класата на професор Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.

Погребот ќе биде извршен утре во 14 часот на Градските гробишта Бутел. Претходно, во 11 часот, Драмскиот театар-Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на Бранко Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG