Достапни линкови

logo-print

Втор круг претседателски избори на Кипар


Никозија, главен град на Кипар.

Никозија, главен град на Кипар.

Денеска се одржува вториот круг претседателски избори на Кипар. За претседателското место се борат лидерот на десничарската партија Демократски собир 66-годишниот Никос Анастасиадес и 45-годишниот Ставрос Малас кој ја има поддршката од комунистите. Анастасиадес за малку не победи во првиот круг што се одржа минатата недела. Тој освои 45 проценти од гласовите, а за победа му беа потребни повеќе од 50 отсто. Економијата и начините како земјата да избегне банкрот се главна тема во предизборната кампања.
XS
SM
MD
LG