Достапни линкови

logo-print

Нема промена во состојбата на браната на Слатинското Езеро


Селото Слатино и Слатинско Езеро во општина Дебарца.

Селото Слатино и Слатинско Езеро во општина Дебарца.

Нема промена во состојбата на браната на Слатинското Езеро каде од вчера попладне поради попуштање има зголемено истекување вода од акумулацијата. За да се намали нивото и притисокот на водата, во текот на ноќта бил отворен испусниот вентил на езерото.

Портпаролот на Центарот за управување со кризи Надица В’чкова изјави дека состојбата се следи и дека нема опасност од поплава што би го загрозила животот на жителите околу браната.

Таму има две куќи и луѓето биле известени дека можат привремено да се евакуираат. Тие ја следат состојбата заедно со екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи Охрид, МВР и водостопанството „Охридско Езеро“.

Браната на Слатинско Езеро е земјена и била претходно оштетена. Истекот на водата од Слатинското Езеро низводно оди преку Слатински Чифлик и Издеглавско Поле се до реката Сатеска, и на тој потег нема населени места што директно се изложени на опасност од поплавување.
XS
SM
MD
LG