Достапни линкови

Мадуро:Чавез се уште не може да зборува


Потпретседателот на Венецуела Николас Мадуро заедно со неколку владини претставници синоќа го посетија во болницата Уго Чавез кој зазадравува од настанатите здравствени компликација по последната операција. Мадуро во телевисико интревју изјави дека Чавез не може да говори, поради респираторната инфекција па со нив комуницирал преку пишани пораки. Тој додаде дека Чавез бил многу „енергичен“ и покажал силна волја. Чавез во понеделникот се врати во Каракас по четвртата операција на Куба каде што скоро два месеца мина во болница. 58 годишниот Чавез е на власт во Венецуела 14 години, а во октомври лани повторно беше избран за претседател. Неколку стотици граѓани на Венецуела синоќа се собрале во близина на болницата каде што е сместен Чавез и палеле свеќи и се молеле за подобрување на неговото здравје.
XS
SM
MD
LG