Достапни линкови

Сириската опозиција ги одби Москва и Вашингтон


Главната сириска опозиција соопшти дека вчера ги одбила поканите за посета на Москва и Вашингтон. Во соопштението што го објави денеска е наведено дека Сириската национална коалиција со тоа презема акција во знак на протест поради недостатокот на меѓународен одговор за системското уништување на античкиот град Алепо со ракетните напади на владините сили.
Коалицијата соопшти дека нема да учествува ни на конференцијата која треба да се оддржи следниот месец во Рим организирана од „пријателите на Сирија“ во знак на протест поради нападите во кои загинаа стотици цивили. Сириската организација за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека најмалку 30 луѓе загинале а над 150 се ранети при последниот напад во сириски град.
XS
SM
MD
LG