Достапни линкови

Нема „кодоши“ меѓу кандидатите за градоначалници


Ниту еден од кандидатите за советници и градоначалници не биле соработници на поранешните тајните служби, соопшти Комисијата за верификација на факти. Портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски за новинската агенција МИА изјави дека од четирите надлежни институции за 12 кандидати било утврдено дека поминуваат низ евиденциите на Државниот архив, но Комисијата утврдила дека ниту едно лице не било соработник на поранешните тајни служби. Тој додаде дека Комисијата ја заврши постапката за сите 80 општини и Градот Скопје за проверка на 6.339 кандидати за советници и градоначалници и за тоа ја извести Државната изборна комисија. Димитровски додаде дека со сегашното прегледување на документите, не завршува процесот на лустрација, затоа што членовите на лустрациска имаат можност за анализирање и истражување и доколку некое име на новите избрани советници или градоначалници се појавува досиејата, тој ќе биде ставен на дневен ред Комисијата.
XS
SM
MD
LG