Достапни линкови

Рен: Грција го има клучот за излез од кризата


Клучот за излез од кризата е во рацете на Грција, но под услов, ако државата продолжи со програмата за финансиска консолидација. Ова го изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен, јавува новинската агенција МИА. Тој наведе дека подлабоката од очекуваната рецесија на економија и високата стапка на невработенбост во Грција е поради политичката нестабилност, како и неспроведувањето на програмата за структурни реформи.
Европската комисија прогнозира дека годинава рецесијата во Грција ќе биде 4,4 отсто, а економскиот раст земјата ќе има следната година, кога се очекува пораст на бруто домашниот производ од 0,6 проценти.
XS
SM
MD
LG