Достапни линкови

logo-print

Крвава свадбена завршница во Пакистан


Најмалку 17 луѓе загинале во автобуска сообраќајна несреќа која се случила во северозападниот дел на Пакистан. Локалните власти соопштија дека жртвите со автобусот се враќале од свадбена прослава кога автобусот излетал од патот и паднал во провалија. Полицијата соопшти дека 11 луѓе се уште се водат како исчезнати. Меѓу загинатите има седум деца.
XS
SM
MD
LG