Достапни линкови

Сириската опозиција ќе формира привремена влада


Сириските опозициски лидери ќе оддржат состанок на 2-ри март во Истамбул каде ќе избираат премиер и привремена влада која ќе делува во областите што ги имаат под контрола бунтовниците во Сирија. Портпаролот на сириската национална коалиција Валид ал Буни изјави дека датумот за избор на премиер бил договорен на дводневниот состанок на опозицијата во Каиро.
Се уште не е јасно како привремената влада ќе делува во областите кои се под контрола на бунтовниците, кога силите на претседателот Башар Ал Асад се уште ја имаат моќта врз воздушниот, артилерискиот и ракетниот воен дел. Меѓународниот специјален претставник Кадар Брахими изјави дека последниот инцидент во Дамаск каде што при експлозија на бомба загинале над 100 луѓе е „Воено злосторство“.
XS
SM
MD
LG