Достапни линкови

logo-print

Во трка за градоначалници пријавени 268 кандидати


До Државната изборна комисија денеска пристигнаа потврдените кандидатски листи за советници и за градоначалници за претстојните локални избори од сите 80 општински изборни комисии и од Градот Скопје. Во трката за градоначалници се пријавија 268 кандидати, од кои 25 независни, а другите се припадници на политички партии. За членови на општинските совети, пак, се поднесени 350 кандидатски листи, од кои 93 независни.
ДИК утре со ждрепка ќе ја утврди единствената листа на кандидати за членови на советите на општината, односно Советот на Град Скопје и единствена листа на кандидат за градоначалник на општината, односно Градот Скопје. Општинските изборни комисии утврдените единствени листи ќе ги објават најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 26 февруари.
На полноќ на 24 февруари односно в недела ДИК го заклучува избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид отпечатен во вид на изводи. Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите, односно на 4 март на полноќ и завршува на 22 март.
XS
SM
MD
LG