Достапни линкови

Решение за политичката криза се уште нема. Зошто партиите досега не успеаа да се договорат и има ли простор и волја за промена на ставовите до локалните избори? Како продлабочувањето на кризата ќе се одрази врз земјата?

Опозицијата и власта останаа на своите ставови. Едните бараат предвремени парламентарни избори, а другите не сакаат да го исполнат барањето со што политичката криза во земјата и натаму не се решава. Дека Сојузот на иднината составен од опозициските париите беше упорен во својата намера да ги бојкотира локалните избори покажа со тоа што не поднесе листа со кандидати до истекот на рокот за нивно пријавување. Рокот измина а лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски преку јавноста, а не преку дијалог за изнаоѓање на компромис ги искажаа своите ставови.
Отпорот продолжува ќе добива на интензитет, убеден сум дека македонскиот народ, граѓаните на оваа земја, ќе го препознаат моментот дека ова е историски испит, историски тест за тоа дали заслужуваме држава и каква држава заслужуваме. И дека ова веќе не е прашање на СДСМ на две партии, на три партии, ова е прашање на сите два милиони граѓани и дека секој ќе си го даде својот придонес и својот удел во оваа важна и значајна битка.

Избори се ближат, проблеми се нижат

Власта на големо ја започна кампањата со претставување на своите кандидати за градоначалници низ земјава, а одбројувањето до одржувањето на локалните избори започна. Но, сепак Црвенковски во медиумите порача дека ако има политичка волја има и практична шанса за договор се до одржувањето на изборите до 24 март.

„Отпорот продолжува ќе добива на интензитет, убеден сум дека македонскиот народ, граѓаните на оваа земја, ќе го препознаат моментот дека ова е историски испит, историски тест за тоа дали заслужуваме држава и каква држава заслужуваме. И дека ова веќе не е прашање на СДСМ на две партии, на три партии, ова е прашање на сите два милиони граѓани и дека секој ќе си го даде својот придонес и својот удел во оваа важна и значајна битка.“

Само не знам како му веруваат луѓето во таа партија, како му веруваат неговите коалициони партнери, колку пати треба да ги излаже нив за да сфатат дека човекот освен што е вешт во манипулации и лаги, за друго ништо не го бива.
На што Груевски му одговори дека Црвенковски ги лаже своите сопартијци и ги убедува дека прашање е на ден кога владата ќе му ги прифати „уцените“ за предвремени избори. Според него, Црвенковски си го остварил својот личен интерес со тоа што СДСМ не се пријавила на локалните избори.

„Сега повторно почнува да ги лаже и повторно им раскажува дека е сега откако завршија сите изборни рокови, закони, сите крајни рокови кои се согласно закон, сега ќе ни било извршено притисок од меѓународната заедница и кај и да е наредните неколку дена ние се ќе сме поништеле се што досега се случуваше на планот на локалните избори и ќе сме тргнеле од поново и ќе сме му ги прифателе предвремените избори. Сочувај ме боже од таква непромисленост. Само не знам како му веруваат луѓето во таа партија, како му веруваат неговите коалициони партнери, колку пати треба да ги излаже нив за да сфатат дека човекот освен што е вешт во манипулации и лаги, за друго ништо не го бива.“
Ние сме во сериозна политичка криза како држава која претендира да стане членка на ЕУ и на НАТО, ова што ни се случува нам, недостатокот на дијалогот, на комуникацијата и на спремноста на компромиси е карактеристика која не ги одбележува државите кои ги убедуваат членките на ЕУ дека се сериозни кандидати за членство.

Партиските интереси пред државните

За експертите ваквиот развој на настаните е само знак дека политичката криза во земјата и натаму ќе се продлабочува, а причините зошто политичките партии досега не успеаја да најдат решение се повеќекратни.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека се работи за комбинација од персонални суети и ставање на партиските над државните интереси и тука нема амнестија за никого.

„Ние сме во сериозна политичка криза како држава која претендира да стане членка на ЕУ и на НАТО, ова што ни се случува нам, недостатокот на дијалогот, на комуникацијата и на спремноста на компромиси е карактеристика која не ги одбележува државите кои ги убедуваат членките на ЕУ дека се сериозни кандидати за членство.“

Пад на политичката култура

Професор Здравко Савески вели дека кај нас во последниве години има континуиран пад на политичката култура, кој се должи на се почестото користење на навредата како оружје во меѓусебната дебата.
Таа навреда лека полека го нагризуваше политичкиот дискурс во Македонија. Навредата како дискредитација и како офанзивно оружје кон спротивниот табор, сето ова е за жал природен резултат на тој пад на политичката култура.

„Таа навреда лека полека го нагризуваше политичкиот дискурс во Македонија. Навредата како дискредитација и како офанзивно оружје кон спротивниот табор, сето ова е за жал природен резултат на тој пад на политичката култура.“

Професорот Алајдин Демири вели дека кризата датира од поодамна, а целта на ВМРО ДПМНЕ се покажа дека е целосно присвојување на земјата и отфрлање на другите опозициски партии, пред се на СДСМ.

„Се поагресивниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ кон власта, кон се што постои во Македонија е суштина на кризата, од друга страна пак СДСМ мислеше дека сега е оној момент кога треба да се расчистат некои состојби во Македонија.“
Се поагресивниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ кон власта, кон се што постои во Македонија е суштина на кризата, од друга страна пак СДСМ мислеше дека сега е оној момент кога треба да се расчистат некои состојби во Македонија.

Кој е виновен за кризата?

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека опозицијата не требало да ги става под знак прашалник локалните избори, поради инцидентот кој се случи во Парламентот. Никој не бојкотирал избори за да бара одржување на други и според него многу полесно ќе се нашло решение за кризата, доколку опозицијата не го наметнала тој предуслов.

„Потоа претпоставувам опозицијата не можеше да најде доволно добро излезно решение, барем тие така сметаа, кадешто би можеле да учествуваат на локалните избори без притоа да загрозат дел од својот кредибилитет иако во секој случај најмалку штетно ќе беше учеството на локалните избори и секое учество ќе беше подобро отколку бојкот. На тој начин сите, пред се опозицијата, имаа шанси да ги освојат повторно општините каде што се и дополнително да го зајакне своето институционално присуство.“
Потоа претпоставувам опозицијата не можеше да најде доволно добро излезно решение, барем тие така смета, кадешто би можеле да учествуваат на локалните избори без притоа да загрозат дел од својот кредибилитет иако во секој случај најмалку штетно ќе беше учеството на локалните избори и секое учество ќе беше подобро отколку бојкот. На тој начин сите, пред се опозицијата, имаа шанси да ги освои повторно општините каде што се и дополнително да го зајакне своето институционално присуство.

Повторните поделби на патриоти и предавници по исклучувањето на кандидатот за градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски од СДСМ за Муслиу се само знак дека на партиите им недостига квалитетен вокабулар. Според него, партиите место да се бават со конкретни активности и да образложат зошто не седнале да се договорат полесно е да ги обвинуваат другите.

„Тука медиумите треба да бидат медиуми, да бидат објективни, да пренесуваат информации и да им го остават препукувањето на политичките партии, а секако челниците или најповиканите луѓе на тие партии треба малку да го ревидираат својот вокабулар и да почнат малку поевропски да се изразуваат.“

Но оваа варијанта е многу полесна, додава Муслиу.

„Затоа што во вжештена политичка клима и во длабоко политиризано општество, така најлесно се собираат приврзаници, преку остри јазици.“

Колку пополитизирано општество, толку подлабока криза

Според Демири, национализмот е најпрофитабилна категорија за одржување на власта и ВМРО-ДПМНЕ сака да го разниша угледот на СДСМ во смисла дека не се хомогена партија.
Може за жал да се очекува дека ќе има влошување на неодговорноста на владата во своите постапки, тој момент и претходно беше изразен, а со непостоење на ограничување на моќта од страна на опозицијата врз основа на институционалните механизми, сето тоа мислам дека ќе резултира со поголема злоупотреба на власта од сегашната влада.

„Таа поделба на предавници и патриоти е успешно профитерска логика за добивање на избори и се уште функционира.“

Според Савески влеговме во дополнителна фаза на продлабочување на политичката криза и во оваа фаза нема лесни излезни решенија.

„Дури и најдоброто излезно решение кое некој ќе го понуди, мора да се потпре на добрата волја, на желбата за изнаоѓање на решение на двете страни. Без таа волја за изнаоѓање решение, ако фали од било која страна, и најдобрите решенија ќе паднат во вода.“

Но, досега двете страни не покажаа волја за решавање на кризата, иако имаше мало поместување во нивните првични позиции, што на крајот не резултираше со договор додава Савески.

„Многу поверојатно е за жал да се очекува продлабочување на кризата, отколку нејзино решавање.“

Излезот според Муслиу лежи секогаш во компромисот и договорот и друг начин нема.

Каде лежи излезот?

„Штетата е веќе направена, наместо нашата политичка елита да покаже спремност за компромис, ние сега ќе влезе во во фаза на потреба на докажување на нашите меѓународни партнери на демократскиот капацитет, нешто што ние мислевме дека сме го надминале, но за жал после ова тоа е веќе незаобиколна тема на Македонија со нашите меѓународни партнери.“

Божиновски не гледа излезно решение од кризата.

„Со оглед на тоа дека сите рокови за пријавување се завршени, не беше дополнително она барање за дополнителни 4-5 дена и сега едноставно не гледам како тоа може да се надмине, како опозицијата би можела да учествува на тие избори.“

Демири пак смета дека излезот во брзо време ќе се најде, а заедничките страни ќе седнат на маса и преку дијалог ќе најдат решение за сите прашања. Но, огромна пречка тука е политичката олигархија, односно лидерите кои ги присвојуваат своите партии.

„Малку да се намали диктатурата во партиите, да се стават партиите во екипно функционирање, не на ова лидерско како што се однесуваат и се добива впечаток дека нимозитетот меѓу Бранко Црвенкоски и Никола Груевски станува предмет на функционирање на двете партии.“

Легитимитетот на локалните избори ставен под прашалник

Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров вели доколку се одржат локалните избори без партиите од Сојузот за иднината нивните пратеници ќе поднесат оставки.

„Доколку се случи тој ден во Македонија да има еднопартиски избори на кои ќе учествуваат само владејачката партија и нејзините сателити, пратеничките групи од опозицијата, сите пратеници ќе поднесат оставка во Парламентот. Оставките се веќе потпишани и депонирани. Со тоа практично на тој ден ќе се исцрпат сите можности за излез од политичката криза во земјата, која со тоа ќе отиде уште подлабоко во продлабочување и радикализација на состојбите во општеството.“

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски во неговата колумна истакна дека од одлуката на СДСМ да не учествува на локалните избори е лош потег, а последиците ќе ги трпат сите граѓани на Македонија. Димовски вели дека нема да биде зачуден ако следните извештаи на меѓународната заедница и нејзините институции не бидат позитивни, како што беше случајот во последните четири до пет години.
Средба на премиерот Никола Груевски со известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит.

Средба на премиерот Никола Груевски со известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит.


Според Петров, СДСМ нема што да загуби и со неподнесувањето на листите со кандидати за локалните избори на сите коалициони партнери покажа дека на тој начин се жртвува за демократијата во земјата.

„Најголемиот губитник во иднина ќе биде владејачката партија, поради тоа што нивната одговорност за државата е најголема и веројатно треба да се свести дека со тоа ја втурнува државата во невидена опасност, со непредвидливи последици по исходот на земјата и за жал најголемата цена ќе ја платат граѓаните кои не заслужиле да живеат во држава без перспектива“, вели Петров.

Еднопартискиот систем да беше добар ќе преживееше

Савески смета дека продлабочувањето на кризата ќе влијае и врз демократијата и врз граѓаните и остварувањето на нивните интереси во ситуација кога еден политички фактор ќе контролира се во земјата. Затоа, според него, самата конструкција на демократијата секогаш е насочена кон спречување на концентрацијата на моќта.

„Може за жал да се очекува дека ќе има влошување на неодговорноста на владата во своите постапки, тој момент и претходно беше изразен, а со непостоење на ограничување на моќта од страна на опозицијата врз основа на институционалните механизми, сето тоа мислам дека ќе резултира со поголема злоупотреба на власта од сегашната влада.“

Еднопартискиот систем да беше добар ќе преживееше, но се покажа дека не е одржливо општествено организирање, додава Муслиу.

„Ние мислиме дека сме го надминале, ако нешто брзо не се реши или ако не се дојде до некој компромис секако ќе имаме уште поголемо поларизирање на нашето општеството и ќе имаме подлабоко политичка криза, која според најавите може да ни се прелее и на улиците, што во секој случај е нешто за што сме милеле дека е надминато.“

Според Божиновски како ќе се одвиваат работите натаму зависи од локалните избори на кои опозиција сепак ќе има.

„Во зависност од самата излезност се зголемува и легитимитетот на тие избори, ако таа излезност е околу 40 проценти едноставно изборите ќе бидат легитимни и потоа проблемот ќе биде префрлен внатре во самата СДСМ, затоа што ќе биде надвор од институциите на македонската политичка сцена.“

За разлика од Демири кој смета дека легитимитетот на локалните избори ќе биде сомнителен, доколку Сојузот на иднината не учествува.

„Од тие причини кажувам дека демотивираноста односно разочараноста на граѓаните на Република Македонија, пред се мислам на Албанците, а потоа и кај Македонците и кај победените и кај победниците, ќе биде огромна.“

Странците повикаа на одговорност

На ситуацијата во земјата нема не остана меѓународната заедница. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит истакна дека е неприфатливо да се бојкотираат избори. Според него сите партии се одговорни и треба да работат за интересите на земјата. По изјавата на Ховит, портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе Петар Стано ја повтори пораката од неговиот шеф дека сите политички лидери треба да преземат одговорност за наоѓање на решение, демонстрирајќи зрелост на демократските институции и ставајќи го интересот на земјата и граѓаните на прво место за земјата да може оди напред во остварување на европската агенда.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG