Достапни линкови

Трагедија и усвојувањето руски деца во САД


Макс Шато, усвоено тригодишно дете од Русија минатиот месец под неразјаснети околности умрело во малото гратче Гардендејл во Тексас. Токму неговата смрт проследена и со некои контроверзи, предизвика меѓународен скандал.

Новинарот на Радио Слободна Европа Рикард Солаш го посети тексашкото гратче Гардендејл. Тој дел од градот е неасфалтиран и малку населен. Името на улицата е скоро нечитливо, избледнело на силното тексашко сонце. Но еден крај од знакот добро се чита: „Приватен имот. Забрането минување“.

Куќата на крајот на улицата им припаѓа на Лаура и Алан Шато, а снимената порака на нивната телефонска секретарка вели: „Ако сте новинар или новинска агенција немаме коментар“.

Кон крајот на минатиот месец низ таа улица автомобил на итна помош го носел тригодишниот Макс, едно од двете усвоени руски деца, бидејќи наводно претходно паднал во кома. Макс сега не е жив, а неговата смрт предизвика многубројни реакции, ставајќи го малото гратче во центарот на една меѓународна драма.

Ова дете е од Тексас. Живееше на подрачје за кое јас одговарам и од мој интерес е да се утврди причината за неговата смрт. Ако утврдам дека постои основано сомневање ќе ги уапсам и обвинам одговорните. Што Русија вели за целата работа, тоа е сосема друга игра. Разбирам ако мислат дека тука нешто се скрива. Но, повторувам, овде не станува збор за смрт на руско дете, туку на дете од Тексас.
Руските власти кои за овој случај дознале деновиве, за смртта на Макс ја обвинија Лаура Шато, наведувајќи дека овој случај е потврда на исправноста на нивната одлука да им се забрани на американските државјани да усвојуваат руски деца.

Американскиот Стејт департмент повика на смирување на ситуацијата, оценувајќи дека не би било добро да се истрчува со заклучоци пред да биде завршена истрагата. Иако има многу непознати, медицинските извештаи велат дека смртта на Макс била неминовна.

Ширли Стандефер, главна истражителка во Регионалниот центар за Радио Слободна Европа вели дека стигнала во болницата во Одеса во близина на Гардендејл откако лекарите прогласиле дека детето било веќе мртво. „Видов модринки на поголемиот дел од телото на детето. Но, не можам да кажам дали тие биле од некаква игра или биле намерно предизвикани. Не сум лекар и не можам да судам за тоа“, вели таа.

Постои првичен извештај, но тој се уште не е обелоденет. Стандефер додава дека наскоро ќе биде издаден и официјален извештај за причините за смрта на детето, односно за тоа дали станува збор за убиство, несреќа или природна смрт. Таа додава дека заедно со шерфиот разговарале со Лаура и Алан Шато во болницата при што Лаура плачела и не давала јасни одговори на прашањата.

„Според нејзините зборови Макс бил пронајден надвор од куќата. Внимавала на двете деца, но морала накусо да влезе во купатило, а кога се вратила Макс лежел на земјата во близина на тобоганот“, изјави Стандефер.

Окружниот шериф Марк Доналдсон потврдува дека тоа го дознале од разговорот со семејството во болницата. Тој додаде дека Сергеј Чумарјов, виш советник во руската амбасада во Вашингтон го посетил неговиот уред и оти од рускиот повереник за правата на децата Павел Астаков му било побарано да им овозможи на руските претставници да ги видат материјалите за случајот. Доналдсон за РСЕ вели дека тоа нема да се случи.

„Ова дете е од Тексас. Живееше на подрачје за кое јас одговарам и од мој интерес е да се утврди причината за неговата смрт. Ако утврдам дека постои основано сомневање ќе ги уапсам и обвинам одговорните. Што Русија вели за целата работа, тоа е сосема друга игра. Разбирам ако мислат дека тука нешто се скрива. Но, повторувам, овде не станува збор за смрт на руско дете, туку на дете од Тексас“, изјави Доналдсон.
XS
SM
MD
LG