Достапни линкови

logo-print

Со „морков и стап“ против сивата економија


Ни треба стратегија за борба против сивата економија - да даваме погодности за одреден период, а потоа ако не се применуваат да следи казна, вели универзитетскиот професор Јован Пејковски.

Иако властите се пофалија дека се намалува учеството на сивата економија во бруто домашниот производ, економистите сметаат дека стапката од 30 насто е се уште висока.
Тука треба да се примени принципот морков и стап, да дававаме погодности за одреден период, но потоа ако не се применуваат следи казна, значи тоа е принцип на стратегија – се залагам за начин којшто ќе значи истовремено и привлекување на неформалната економија во каналите на редовната, но и ако не се остваруваат , заострување на казни и санкции, но тоа е втор услов.

Сивата економија е област која е многу тешко да се искорени и не е доволен само Акционен план, туку цела стратегија за нејзино надминување, посочува универзитетскиот професор Јован Пејковски.

„Тука треба да се примени принципот морков и стап, да дававаме погодности за одреден период, но потоа ако не се применуваат следи казна, значи тоа е принцип на стратегија – се залагам за начин којшто ќе значи истовремено и привлекување на неформалната економија во каналите на редовната, но и ако не се остваруваат, заострување на казни и санкции, но тоа е втор услов.“

Пејковски укажува дека сивата економија расте во услови на криза. Таа, вели тој, е еден вид социјален вентил, но затоа власта мора да стимулира мерки што ќе ги поттикнат субјектите да се вклучат во формалната економија.
Навистина треба да се смени казнената политика и и можеби да бидат во рамките на законот за работни односи, каде што знаеме колку казните се високи, тоа е првиот чекор на премислување и откажување на тие што се одлучиле да работат во сивата економија.

„Во дел сивата економија постои како резултат на неможност за делување на пазарните фактори, а и како резултат на неможноста да се апсорбира целокупниот работоспособен контингент во работен процес.“

Потребна е поголема волја на надлежните да се преземат реформи кои би обезбедиле внесување на сите економски субјекти во општетството во еден единствен систем на стопанисување, вели претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

„За да не ги стимулираме несаканите дејствија бидејќи имаат социо-економски аспект, мора да ги поврземе после регистрите, а тоа се регистерот за пензиско и инвалидско осигурување, регистерот за субвенции, регистерот за водење на мали и средни бизниси и нормално регистерот на Агенцијата за вработување. Таа една евиденција, тоа едно софтверско решение тоа е првата реформа, тоа е една алатка која ќе мора владата да ја направи како систем за контрола.“

Покрај тоа, потребни се построги законски регулативи и казнена политика кои ќе придонесат нерегистрираните економски чинители да се откажат од намерата да работат нелегално, вели Бошков.

„Навистина треба да се смени казнената политика и и можеби да бидат во рамките на законот за работни односи, каде што знаеме колку казните се високи, тоа е првиот чекор на премислување и откажување на тие што се одлучиле да работат во сивата економија.“

Министерот за економија Ваљон Сарачини вчера изјави дека преку низа владини мерки намалена е нелегалната економија од 40 на околу 30 проценти од бруто домашниот производ. Според него, реформата на даночниот систем и системот на социјално осигурување, концептот на бруто-плата како и регулаторната гилотина биле дел од мерките кои придонеле да се намали сивата економија. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски најави менување на законската регулатива, која меѓудругото ќе подразбира објавување на црна листа на фирми кои работат незаконски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG